📍 Where? Naples, Italy
📆 When? October 04th – 10th 2022
Torre del Greco е местото каде што се одвиваше младинската размена поддржана од страна на „Еразмус +”. Од 4 октомври до 10 октомври 2022 година. Младинци од 7 држави учествуваа на различен број на работилници на тема: FAKE NEWS. Група луѓе ги срушуваа стереотипите кои владеат во нивните култури за другите нации коишто земаа учество во овој проект. Целта на овој проект беше препознавање на лажни вести во медиумите. Низ овој проект имавме голем број на активности и работилници. Првата наша активност беше запознавање со останатите учесници. Активностите продолжија со презентација за лажните вести. Оваа младинска размена имаше добра и концизна програма која ни овозможи да ја запознаеме воедно и околината на Torre del Greco и Naples преку активност во која заедно со нашите тимови требаше да извршиме одрени активности низ различни локации во Naples за одрено време. Меѓутоа како една од активностите која нам ни остави најмногу впечаток се секако културните вечери со цел да се претстави културата и традицијата на секоја од државите учесници во проектот. Нашата држава се потрудивме да ја претставиме во најдобро светло преку презентација и кратко видео запис за нашите туристички атракции и преку вкусна традиоционална храна карактеристична за нас. Воедно како цел на оваа размена беше да придонесеме во препознавањето на лажните вести во медиумите и пренесување на знаењата на останатите млади во нашата земја.